Извор https://off.net.mk/
Читај повеќе https://off.net.mk/off-cafe/tivkite-svadbi-na-generacija-z-odgovor-na-milenijalskite-spektakli
Објавено на
9/18/2025, 8:53:07 AM
обновено на
9/18/2025, 12:40:05 PM
Тивките свадби на Генерација З: одговор на миленијалските спектакли

Свадбите сè почесто изгледаат како продукција наместо прослава - миленијалците пораснаа во време кога стабилна работа, стан и совршена свадба (барем) изгледаа достижни. Сега, свадбата како настан, од интимен момент се претвори во лансирање бренд: фотосесии, три фустани, цветни ѕидови, коктели со имиња на милениците и дрон-снимки од локалната винарија што треба да изгледа како да се венчаваш во Тоскана.