Извор https://off.net.mk/
Читај повеќе https://off.net.mk/offside/fudbal/kosovarot-koj-docheka-vo-shpanija-da-mu-pejat-zlatna-topka
Објавено на
4/16/2026, 12:57:40 PM
обновено на
4/16/2026, 8:11:13 PM
Косоварот кој дочека во Шпанија да му пејат: „Златна топка“

Лотито во 2020-та, изненадно плати 20 милиони евра за напаѓачот од Фенербахче, Ведат Муричи. Навивачите на Лацио го сметаа за најголема превара од играч. Остана сезона и пол и за 49 натпревари постигна 2 гола. Во Мајорка е веќе четири и пол сезони и оваа му е врвот. 21 погодок на 30 натпревари, само 2 помалку од Мбапе и 6 повеќе од Јамал. По двата комада против Рајо изминатиот викенд му скандираа: „Златна топка“, а овој им гестикулираше да не се чакнати. Има 32 гола на 68 средби за Косово. Се препороди.