Извор https://off.net.mk/
Читај повеќе https://off.net.mk/offside/fudbal/modrikj-igrachina-na-40-godini-go-vadi-milan-na-gosti
Објавено на
2/14/2026, 8:29:42 AM
обновено на
2/14/2026, 10:50:07 PM
Модриќ играчина, на 40 години го вади Милан на гости

Милан се помачи против последнопласираната Пиза која ја доби со 1:2, со гол во 85-та минута на Лука Модриќ. Хрватскиот ас влета во шеснаесетник како напаѓач и му донесе многу важни 3 бода на својот тим кој е на -5 од градскиот ривал и лидер на табелата. Со 40 години и 257 дена, Модриќ е трет најстар стрелец во историјата на Серија А. Има 2 гола и 3 асистенции.