Политичка битка во Берлин за „боледувањата по телефон“

Владејачките конзервативци во Германија ја одобрија иницијативата да се забранат боледувања пријавени по телефон. Мерката беше воведена во времето на пандемијата, кога на вработените им беше дозволено со едно јавување кај матичниот лекар да добијат до пет дена платено отсуство. Бизнисот трпи, но социјалдемократите блокираат укинување на привилегијата.